Природни науки

Природни науки

Monday, May 30, 2016

Информација за Државниот натпревар

Првиот Државен натпревар по предметот Природни науки за IV и V одделение ќе се одржи на 4. јуни 2016 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, горна зграда.

Натпреварот ќе почне во 11:00 часот и ќе трае до 12:30. Натпреварувачите треба да пристигнат најдоцна до 10:15 часот. Распоредот на натпреварувачите по простории ќе биде истакнат на влезот на Факултетот и пред секоја просторија. Во секоја просторија ќе има по едно одговорно лице, кое ќе им помогне на децата да си го најдат своето место и да се сместат.

Во текот на натпреварот ќе биде организиран работен состанок со менторите, на кој ќе стане збор за почетоците на натпреварот и ќе се дискутираат можни насоки за во иднина. Состанокот ќе се одвива од 11:15 до 12:15 часот.

По натпреварот, на огласна табла на Факултетот ќе биде објавен клучот на прашањата.

Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на 5. јуни 2016 до 12:00 часот. Приговорите ќе може да се поднесуваат до 6. јуни 2016 до 15:00 часот. Конечните резултатите ќе бидат објавени истиот ден, до 20:00 часот.

Ви посакуваме многу среќа и успех.


Резултати по извршени корекции

Корегираните резултати врз основа на поднесените приговори можете да ги добиете на долниве линкови

Резултати за IV одделение
Резултати за V одделение


Sunday, May 29, 2016

Темите за државниот натпревар

На државниот натпревар во игра ќе бидат сите теми кои се предвидени со наставните програми по предметот Природни науки за IV и V одделение. Тоа значи дека за четврто одделение ќе биде вклучена и темата ЗВУК, а за петто одделение ќе биде вклучена и темата Истражување на растот на растенијата.
За времето на почнување на Државниот натпревар на 4.06.2016, во сабота, ќе бидете дополнително известени.

Критериуми за наградување и учество на Државниот натпревар

Почитувани ученици, родители и наставници - ментори,
Домаќини на Првите регионални натпревари по природни науки за основно образование, кои се одржаа на 21. април 2016 год. беа 14 основни училишта низ Република Македонија.
На натпреварите учествуваа 689 ученици од 4. одделение и 754 ученици од 5. одделение.
Честитки до учениците и наставниците – ментори за покажаниот успех.  
Упатуваме благодарност до сите Координатори, членови на регионални комисии и тестатори кои придонесоа успешно да се реализираат овие натпревари.

Наградите на Регионалните натпревари се во зависност од освоените бодови:

91 – 100 бодови - I награда
81 – 90 бодови   - II награда
71 – 80 бодови   - III награда
56 – 70 бодови   – Пофалница

Сите учесници кои освоиле најмногу 55 бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

Државниот натпревар по природни науки ќе се одржи на 4. јуни 2016 год.

На Државниот натпревар ќе учествуваат ПРВОПЛАСИРАНИОТ учесник на регионалниот натпревар во секој регион во секоја категорија (4. и 5. одделение) (во објавените табели означен со жолта боја).
Дополнително, на Државниот натпревар ќе учествуваат сите ученици кои на регионалните натпревари освоиле најмалку 75 бодови (ВО ТАБЕЛАТА ОЗНАЧЕНО СО "ДА").
Со овие критериуми, вкупниот број на учесници на Државниот натпревар е 249.

Посакуваме успех на сите учесници на Државниот натпревар!

Со почит,
  
Државна комисија за натпревари по природни науки при
Друштво на биолози на РМ,
Друштво на физичари на РМ и
Сојуз на хемичари и технолози на Македонија

Saturday, May 28, 2016

КЛУЧЕВИ

Клучевите за двата теста можете да ги најдете на линковите подолу.

Клуч за тестот за IV одделение
Клуч за тестот за V одделение

Одговорите во клучевите се дадени со црвено.

Friday, May 27, 2016

РЕЗУЛТАТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР

Резултатите од Регионалниот натпревар по Природни науки можете да ги добиете на линковите подолу:
Резултати за IV одделение
Резултати за V одделение

Приговор на резултатите можете да поднесете најдоцна до 30.05.2016 (понеделник) до 15:00 часот. За да го пополните формуларот за приговор кликнете на ПРИГОВОР. На крајот од формуларот има копче Submit кое треба да го кликнете за да го поднесете приговорот. Сите полиња во формуларот се задолжителни. Ве молиме да ги дадете сите потребни податоци и детали во приговорот, за да може полесно да се одговори на вашиот приговор. Сето тоа е потребно за да може полесно да се најде тестот на натпреварувачот во купчето од 1600 тестови.

Во текот на утрешниот ден, сабота, 28.05.2016, ќе биде објавен е клучот од тестовите.


Инфирмација за резултатите

Почитувани натпреварувачи и ментори,
резултатите од Регионалниот натпревар ќе бидат објавени во текот на денешниов ден. На натпреварот учествуваа преку 1600 натпреварувачи. Поради технички проблеми со службата за доставување, од некои региони тестовите стигнаа со мало задоцнување. Сето тоа го пролонгираше објавувањето на резултатите. Правиме се што е во наша моќ да ги прегледаме тестовите за најкратко можно време. Ве молиме за трпение. Ви благодариме за разбирањето.

Thursday, May 19, 2016

Правила за Регионален натпревар по Природни науки 2016

  1. Натпреварот започнува во 11:00 ч. Натпреварувачите треба да бидат пред училницата во која ќе се одвива натпре­ва­рот најдоцна во 10:45 ч. Натпреварот завршува во 12:30 ч. Тестовите предадени по 12:30 ч. нема да се земат предвид.
  2. Во Регионалната комисија се препорачува да има барем по еден наставник од секое учи­лиште кое учествува на натпреварот. Добредојдени се и повеќе наставници кои би сакале да се вклучат во работата на комисијата.
  3. Училиштата-домаќини се должни да обезбедат тестатори за натпреварот.
  4. Претседателот на комисијата (координаторот) поседува список од ученици кои имаат право да учествуваат на натпре­варот. Списоци со распоред на ученици треба да бидат истакнати на видно место на влезот на училиштето, како и на вратата на училницата во која што ќе се натпреваруваат учениците.
  5. Претседателот на комисијата (координаторот) ги носи испечатените тестови кои се наоѓаат во запечатен коверт. Ковертите се отвораат во присуство на членовите на Регионалната комисија.
  6. Решавањето на целиот тест (прашања и проблеми/задачи) трае 90 минути.
  7. Се препорачува ученици од исто училиште да бидат максимално оддалечени еден од друг во училницата (распоредот да го направи одговорниот наставник/член/ови на Регионалната комисија).
  8. Натпреварувачите се должни да носат со себе сино хемиско пенкало. Тестовите се изработуваат користејќи го хемиското пенкало. Не е дозволено да се работи со молив.
  9.  Забранета е употреба на мобилни телефони, џебни компјутери (најдобро е мобилните теле­фони да се соберат на почетокот на натпреварот и да се вратат по него­вото завршување).
  10.  На делот со повеќе понудени одговори од кои еден е точен, не смее да се врши поправање/преправање на резултатот. Какви било поправки, шкртаници или заокружени два или повеќе одговори автоматски се оценуваат како погрешен одговор.
  11.  Забранет е каков било разговор меѓу натпреварувачите.
  12.  Забранета е употреба на книги, тетратки, ливчиња, таблици и слично. Сите потребни податоци се дадени во тестот. Крајниот/те одговор/и треба да бидат предадени читко и прегледно.
  13.  Ако натпреварувачот сака да постави прашање, прашањето мора да биде поставено тивко, кратко и јасно. Доколку одговорниот наставник заклучи дека прашањето заслужува одговор, тој гласно го повторува прашањето и дава одговор. Во спротивно, повторно гласно, се одговара (на пример: „Тоа не е од значење за натпреварот“, „Тоа би требало да го знаеш“, „Токму тоа е прашањето на кое треба да одговориш“ и слично).
  14.  Натпреварувач што нема да се придржува до некое (или повеќе) од овие прави­ла/пре­по­ра­ки, може да биде исклучен од натпреварот.
  15.  Вкупниот број бодови што може да се освојат е 100.
  16.  Наставник кој е вклучен во натпреварите, а не се однесува професионално, може да биде повикан на одговорност (вклучително и кривична, доколку се докаже дека постои „пробивање“ на тестот во кое учествувал наставникот).
  17.  За евентуални нејаснотии, на денот на регионалниот натпревар, може да ги консултирате:
  • Од областа на физика
    Боце Митревски 078/278-545
    Оливер Зајков 075/438-357

    Од областа на хемија
    Марина Стојановска 078/211-222
    Марина Стефова

    Од областа на биологија
    Катерина Русевска 070/423-684
    Сузана Диневска-Ќовкаровска 071/368-250

Tuesday, May 17, 2016

Почеток на натпреварот !

Натпреварите во сите региони ќе почнат на 21.05.2016 во 11:00 часот.
Времето за одговорање е 90  минути. Тоа значи дека натпреварот ќе трае до 12:30 часот.
Со среќа.

Monday, May 16, 2016

Списоци со пријавени ученици за Регионалните натпревари

Подолу се дадени линкови до списоците на пријавени ученици. Пронајдете ги вашите пријавени ученици, проверете ги податоците и информирајте не за евентуални грешки и пропусти.

Пријавени ученици по категорија
IV одделение
V одделение

Пријавени ученици по региони
Регион 1, Источен регион, Пробиштип
Регион 1, Источен регион, Кочани
Регион 2, Североисточен регион, Куманово
Регион 3, Пелагониски регион, Битола
Регион 3, Пелагониски регион, Прилеп
Регион 4, Полошки регион, Гостивар
Регион 5, Скопски регион, Ѓорче Петров (со ОУ Димо Хаџи Димов од Влае, ОУ Петар Поп Арсов од Карпош и ОУ Аврам Писевски од с. Бардовци)
Регион 5, Скопски регион, Аеродром (со Кисела Вода и Зелениково)
Регион 5, Скопски регион, Центар со Карпош (сите останатие училишта од Карпош без ОУ Димо Хаџи Димов од Влае, ОУ Петар Поп Арсов од Карпош и ОУ Аврам Писевски од с. Бардовци)
Регион 5, Скопски регион, Гази баба (со Чаир, Бутел, Шуто Оризари, Илинден и Петровец)
Регион 6, Југоисточен регион, Радовиш
Регион 7, Југозападен регион, Струга
Регион 8, Вардарски регион, Велес
Регион 8, Вардарски регион, Кавадарци

На долниот линк можете да ги видите местата и училиштата во кои ќе се одржат регионалните натпревари, со информации за одговорните лица.

Места на одржување на регионалните натпревари  (Најнов документ со измени!!!)



Friday, May 6, 2016

Пролонгирање на рокот за пријавување на натпреварот

Државната комисија денес, 06.05.2016 година одржа состанок. Меѓу другото, на состанокот ги разгледа и големиот број барања за продолжување на крајниот рок за пријавување. Во анализата, Комисијата ги зема предвид кратките рокови за подготовка на учениците и организирање на училишните натпревари, односно селекционите активности, како и организационите активности на Комисијата и останатите тела кои учествуваат во подготовка на Регионалните натпревари и Државниот натпревар кои следат по пријавувањето.

Ценејќи ги сите овие елементи, Комисијата одлучи крајниот рок за пријавување да го пролонгира до 15.05.2016 до 20:00 часот.


Monday, May 2, 2016

За темите на натпреварот и котизацијата

На регионалниот натпревар натпреварувачите ќе одговараат на прашања од сите теми кои се предвидени да се изучуваат согласно наставната програма, по биологија, физика и хемија.

На регионалниот натпревар НЕМА да бидат вклучени само последните теми од наставната програма. Поточно кажано, на регионалноот натпревар нема да има прашања од темите:
- ЗВУК за IV одделение и
- ИСТРАЖУВАЊЕ НА РАСТОТ НА РАСТЕНИЈАТА за V одделение.

Котизацијата за натпреварот се уплаќа на сметката на Друштвото на биолозите на РМ. Подолу се дадени потребните податоци.