Природни науки

Природни науки

Friday, September 30, 2016

Sunday, September 18, 2016

Ноември - месец на науката

Почитувани колеги,
Почитувани членови на здруженијата кои обединуваат наставници,
во текот на месец ноември оваа година ќе биде организиран настанот „Ноември - месец на науката“, во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.
Настанот е во организација на:
Друштвото на физичарите на Р. Македонија, 
Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, 
Друштво на биолози на Р. Македонија, 
Македонско астрономско друштво, 
Македонско географско друштво, 
Скопско астрономско друштво, 
Природно - математички факултет и 
Skopje City Mall.

"Ноември - месец на науката" е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија во основно или средно училиште.
Настанот „Ноември - месец на науката“ ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година, согласно програмата која е дадена во прилог на пораката како pdf документ.

Програмата ќе се реализира на две места, Природно-математички факултет во Скопје и Skopje City Mall. Некои активности во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, Ваши роднини и пријатели...

Секој регистриран учесник на настанот (наставници и ученици) добива сертификат за учество на настанот.

Дипломи и награди се доделуваат на најдобрите ученици на Изложбата и натпреварот во изработки, демонстрации и експерименти и на најдобрите ученици на тест натпреварот.

Наставниците - ментори на наградените ученици исто така ќе добијат дипломи.

Дополнителни информации за одвивање на настанот и ваше пријавување за учество во предвидената програма „Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти“ ќе следуваат идната седмица.

Покани за учество на настанот ќе бидат доставени и до директорите на Вашите училишта по регуларна пошта (коверт) до крајот на месец септември.

Сите заедно да придонесеме во популаризација на природните науки!