Природни науки

Природни науки

Friday, April 28, 2017

Конечни резултати од регионалните натпревари по природни науки

На долните линкови мижете да ги најдете конечните резултати од регионалните натпревари. Се извинуваме за пролонгирањето на објавава. Но, ни пристигнаа околу 450 приговори. Не сакавме ништи да оставиме на случајноста, па приговорите ги разгледавме многу темелно, не сакајќи да оставиме ниедно дете оштетено.

                                                            Резултати за 4. одделение
                                                            Резултати за 5. одделение
                                                            Резултати за 6. одделение

Сите натпреварувачи кои се пласираа за државниот натпревар се обележени со "ДА" во колоната. Со жолто се обележани оние натпреварувачи кои се пласираа на првите три места во секој регион. Дополнително, долната граница на пласирани натпреварувачи за државниот натпревар е проширена до број на бодови еднаков со најслабиот резултат на третопласираните од регионите. За различни категории таа граница е различна и изнесува:

За 4. одделение, 83 бода
За 5. одделение, 75 бода
За 6. одделение, 75 бода


Saturday, April 22, 2017

Ментори без e-mail адреса

Дел од менторите имаат пријавено погрешна e-mail адреса или воопшто немаат оставенo адреса. За да поднесете приговор потребна е ваша e-mail адреса.
Списокот со овие ментори можете да го најдете на ОВОЈ ЛИНК. Сите заинтересирани ментори нека достават своја e-mail адреса (точна и активна) на prirodnici@gmail.com.


Friday, April 21, 2017

Прелиминарни резултати од регионалните натпревари по природни науки

Почитувани натпреварувачи и ментори,
прелиминарните резултати од регионалните натпревари по физика можете да ги видите на долните линкови. Како што и претходно објавивме, Велигденските празници се причина за објавување на резултатите неколку дена подоцна од планираното и за тоа се извинуваме.

Резултати за 4. одделение                       Клуч на тестот за 4. одделение ( МКД / ALB )
Резултати за 5. одделение                       Клуч на тестот за 5. одделение ( МКД / ALB )
Резултати за 6. одделение                       Клуч на тестот за 6. одделение ( МКД / ALB )

Менторите можат да поднесат приговори на резултатите со пополнување на формулар кој можете да го отворите ОВДЕ. Краен рок за поднесува на приговорите е 25.04.2017 до 15:00 часот.

Менторите ќе добијат по електронска пошта подетално објаснување за начинот на поднесување приговор. За евентуални технички проблеми при поднесувањето на приговорот, менторите можат да се обратат до Комисијата на e-mail: prirodnici@gmail.com


Friday, April 14, 2017

Објавување на резултатите од регионалните натпревари

Тестовите од регионалните натпревари се прегледани. Дел од резултатите се веќе обработени и внесени во базата. Од денеска почнуваат празнични денови и ќе мораме да направиме пауза со обработката на резултатите. Ве молиме за трпеливост. Веднаш после празниците ќе продолжиме со обработка и резултатите ќе бидат објавени во неделата после Велигден.

На сите верници од христијанска вероисповест им посакуваме среќни Велигденски празници.

Tuesday, April 4, 2017

Места на одржување на регионалните натпревари

На долниот линк можете да ги видите местата и распоредот на регионалните натпревари по природни науки.

Училишта домаќини

Регионалните натпревари во сите пунктови почнуваат во 11:00 часот.





Monday, April 3, 2017

Организација на регионалните натпревари

Почитувани натпреварувачи, ментори и родители,
датумот на одржување на регионалните натпревари се ближи. Остануваат само уште четири дена. Сакаме да им заблагодариме на сите наставници, училишта  и раководства на училиштата кои се нафатија да ги организираат регионалните натпревари.

За жал остануваат уште доста места од кои сеуште немаме никаков одзив за орагнизација на натпреварите. И покрај нашите заложби, многуте јавувања по телефони и испратени маилови, сеуште ниедно училиште не ни даде потврда дека ќе може да ги прими натпреварувачите за регионалните натпревари во следниве места:

Регион 1:
Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево.

Регион 2:
Куманово, Липково, Старо Нагоричане.

Регион 4:
Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше

Регион 5:
Гази баба, Кисела Вода, Сопиште, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Илинден, Зелениково, Студеничани, Петровец.

Ингеренциите на организаторот, Друштвото на Биолози на Република Македонија, не му овозможуваат да даде наредба за организација на натпреварите на ниедно училиште. Поради тоа, ако до вторник, 04.04.2017 година не добиеме информација за училиште каде би се одржале регионалните натпревари, нема да имаме адреса на која ќе треба да ги испратиме тестовите и се она што е потребно за одржување на натпреварите. Така, во местата кои се наведени погоре нема да може да се одржат регионалните натпревари.