Природни науки

Природни науки

Thursday, March 1, 2018

Правила за општинските натпревари по природни науки за 2018 година

  1. Пристигнување на учениците во училиштето домаќин околу 930 часот.
  2. Да се внимава тестаторите (чувачите) да НЕ СЕ НАСТАВНИЦИ КОИ ПРЕДАВААТ ПРИРОДНИ НАУКИ.
  3. Мобилните телефони да бидат исклучени и НЕДОСТАПНИ (не само звук).
  4. Натпреварот започнува точно во 10 часот (учениците претходно треба да бидат распоредени во училници, и тоа со мешан распоред од повеќе категории, односно да не седат еден до друг или еден позади друг ученици од иста категорија. Треба да се води сметка за растојанието помеѓу учениците).
  5. Учениците треба да имаат со себе само пенкало и молив (да немаат во близина телефони).
  6. Членовите на општинската комисија ги делат тестовите со захефтани коверти по соодветните категории  (IV оддление, V одделение, VI одделение). Во ковертите има ливче на кое се пополнуваат следниве податоци – име и презиме, училиште, ментор), а потоа учениците ги затвораат ковертите.
  7. Решавање на тестот е во времетраење од 120 минути.
  8. По завршување на предвиденото време се собираат тестовите по одделенија (во купче IV одд., V одд., VI одд.). Се ставаат шифри на следниов начин:


одделение
шифра
општина
4.
401

4.
402

4.
403




5.
501

5.
502

5.
503




6.
601

6.
602

6.
603



  1. На тестот и на ковертот се внесува шифрата и општината.
10. Тестовите се собираат по одделенија, се пакуваат и затворени се доставуваат до лицето од карго-службата кое го доставило материјалот. (Материјалот се враќа назад до Комисијата).

Напомена: тестовите ги прегледува Комисијата за општински натпревари по природни науки при МБД.

11. Прелиминарните резултатите се истакнуваат на интернет-страницата за натпревари по природни науки (http://prirodni-nauki-natprevari.blogspot.mk/). 
12. По истакнувањето на прелиминарните резултати, менторот во име на учесникот може да достави писмен приговор по однос на прелиминарните резултати до Комисијата за натпревари по прирони науки.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.